Достапни линкови

logo-print

Тунис: Светски самит за информатичко општество


Во Тунис од денеска се одржува Светскиот самит посветен на Информатичкото општество. На самитот учествуваат владини претставници од сто седумдесет и пет земји како и претставници на приватни компании и невладини организации кои разговараат за развојот и раководењето со интернмет просторот. Невладината организација Репортери без граници со седиште во Париз пред самитот објави листа на земји за кои се смета дека се непријатели на Интернетот. Листата ја предводат Кина и Иран.
XS
SM
MD
LG