Достапни линкови

Македонија мора да има лобисти кои ќе работат транспарентно


Македонија сериозно треба да размислува за понатамошните чекори кон евроатлантските структури и во таа насока треба да најде лобисти кои ќе работат транспарентно со цел да ја претстават земјава во најдобро светло, порачува стручната јавност во земјава. Значи треба да смениме многу работи нетранспарентата работа, коруптивното односување и слично. Притоа треба да се прави разлика меѓу лобистите и оние кои ја претставуваат државата во Брисел

„Треба сериозно да размислиме на оваа тема и да најдеме лобисти кои немора да се секогаш од Македонија. Значи ние треба да ги надминеме сите наши навики во начинот на однесување и начинот на работа.“

Изјави Слаѓана Тасева од Транспарентност Македонија. Од навиките во земјава, не е имуна ниту бриселската администрација, ниту лобистите. Токму затоа потпретседателот на Европската комисија, Сим Калас предложи усвојување на заеднички правила за етичко однесување и транспарентност, а Тасева смета дека ова треба да го следи и земјава и додава:

„Ќе се соочиме со ситуација каде што веќе другите ќе имаат поголеми искуства во лобирањето, но и ќе имаат и поголеми искуства во следењето на она што се случува во лобирањето. Со лобистите се врзани големи суми на пари, со нив се врзани и високи личности во државата за која лобираат, и сето тоа понекогаш може да биде и опасност за коруптивно однесување. Затоа Брисел се залага за трансперентност во лобирањето, што за нас не е одлика. Јас би сакала искрено да знам кои ќе бидат нашите лобисти.“

Дека станува збор за голем број на лобисти и финансиски суми говорат и проценките според кои во Брисел активни се околу 15 илјади лобисти, професионални консултанти и невладини организации кои спаѓаат во лобистичката индустрија, а има и околу две илјади и шестотини посебни интересни групи кои имаат постојани канцеларии, а нивниот годишен приход е помегу 60 и 90 милиони евра. Оттука европската иницијатива предвидува европските лобисти да ја известуваат и јавноста за тоа чии интереси застапуваат и како се финансирани. Дел од сето ова е и диполматијата, изјави Љубиша Георгиевски, поранешен македонски амбасадор:

„Нашата дипломатија е транспарентна и отворена, но ние немаме вистински концепт врз база на кој што таа дипломатија ќе биде и поефикасна во тоа лобирање.“
XS
SM
MD
LG