Достапни линкови

logo-print

Нови правила за решавање на иднината на 40 фирми загубари во Македонија


Состојбата на околу 40-тина фирми загубари Министерството за економија треба да ја проучи и достави до владата најдоцна до крајов на годинава. За нив објаснуваат од Министерството, веќе не се применува стариот систем кога државата им ги плаќаше заостанатите давачки, туку тие имаат обврска само да ги координират работите со цел овие фирми да се прилагодат на новиот пазарен систем:

„Се работи за фирми кои претставуваат нешто во македонската индустрија и на локално и државно ниво. Поделени се во неколку групи каде што државата е доминантна во акциите, втората група се оние кои се приватизирани, но се со големи обврски кон државата и третата група се оние фирми кои се веќе во стечај.“

објаснува Венцислав Арсов државен советник за индиустрија и структурни реформи, кој не сакаше да ги потенцира имињата на фирмите затоа што би можело да се создаде негативно мислење за нив во јавноста, па другите да избегнуваат да соработуваат со нив, иако за некои од загубарите сеуште има надеж да се вратат на пазарот:

„Некој ако слушне ќе мисли дека кој знае што се случува со овие фирми, а има фирми кои само со некои дополнителни мерки можат да излезат од оваа ситуација.“

Економистот Душан Велковиќ со став дека во однос на загубарите Македонија има добри закони, но за неуспешноста во некои процеси околу нив виновна е политиката која и тука се вмешува:

„Се врши селективна примена на законите, односно од случај до случај се вршат различни критериуми. Тука голем проблем преставуваат тие т.н. стечајни управници, кога ќе се отвари стечај кон одреден загубар тогаш тоа се провлекува со години. Сега со новите законски прописи тој рок треба да се намали на 8 до 9 месеци.“

Според економистот Ристе Наумов пак, секој загубар е приказна за себе и затоа не може да се изгради конкретно мислење за исправноста на постапките кои ги спроведува државата:

„Мое мислење е дека најдобриот начин да се заврши со нив на еден транспарентен начин е преку давање на лицитација, да сејават заинтересирани страни, да го покажат својот интерес и да определат цена. Оној што ќе понуди најдобра цена, значи е најдобра варијанта.“

Вели Наумов, а Велковиќ пак, потенцира дека е тешко да се одвои едно успешно решавање на проблемот на загубар:

„Јас не сум сретнал случај кој бил позитивно афирмиран во јавноста, каде постапката течела според законските прописи, според економската логика, со настојување проблемот да се реши.“
XS
SM
MD
LG