Достапни линкови

Рим: Напуштањето на странските трупи од Ирак, би можело да почне во 2006-та година


Ирачкиот претседател, Џалал Талабани изјави дека заминувањето на странските трупи од Ирак, би можело да започне кон крајот на 2006-та година. Зборувајќи при посетата на Рим, Талабани истакна дека обучувањето на ирачката полиција и армијата ќе создаде можност за заминување на странските сили од земјата. И заменикот претседател на Ирак, Адел Абдул Махди во рамки на посетата на Соединетите држави, изјави дека очекува постепеното напуштање на мулти националните сили од Ирак, да се случи во 2006-та година. Во врска со ова, Махди изјави дека разговарал со американскиот секретар за одбрана Доналд Рамсфелд, на средбата во Вашингтон минатата недела.
XS
SM
MD
LG