Достапни линкови

Франција: Сеуште траат немирите


И синоќа, 17-та ноќ по ред во Франција имаше немири во кои биле запалени околу 370 возила, а 160 лица се уапсени. Полицијата во Париз се наоѓа во состојба на поголема подготвеност, а илјада полицајци ги обезбедуваат Ајфеловата кула, Елисејските полиња и железничките станици, по пораките емитувани на интернет во кои се повикува на насилство во градот. Инаку, според извештаите за разлика од останатите градови, синоќа во Париз било мирно, а е забележан само еден инцидент, кога била нападната една бензиска станица. Министерот за внатрешни работи, Николас Саркози соопшти дека имигрантите кои учествувале во нередите ќе бидат протерани од Франција.
XS
SM
MD
LG