Достапни линкови

Приоритет подобрување на патната и железничката мрежа


Подобрувањето на патната и железничката мрежа е од исклучително значење за економскиот и општествениот развој на регионот истакнаа во Скопје министрите за транспорт и Врски од регионот кои учествуваа на првиот министерски состанок за развој на главната транспортна мрежа на Југоисточна Европа.

Македонскиот министер за транспорт и врски Џемали Мехази ја потенцираше потребата од што побрза изградба на коридорите 8 И 10 и побара помош за подобрување на железничката инфраструктура во земјава.

Преставникот на Европската Комисија Едгард Тилман честитајки на Македонија за позитивното мислење на Комисијата со кое се препорачува добивање статус на земја кандидат ја истакна неопходноста од мегусебна соработка на земјите од регионов.


„Развојот на региналната соработка помеѓу земјите на западен Балкан како и помеѓу нив и земјите членки и земјите кандидати за членство во ЕУ е прво и најважно во интерес на земјите на Западен Балкан. Регионалната соработка е клучен елемент во процесот за развој на главната транспортна мрежа на Југоисточна Европа, конструктивна, регионална соработка која ќе биде квалификуван показател во подготвеноста на земјите за интеграција во институциите на ЕУ,“

изјави Едгард Тилман.

На првиот министерски состанокот учествуваат министрите за транспорт на земјите потписнички на Меморандумот за разбирање на главната регионална транспортна мрежа во ЈИЕ од јуни минатата година во Луксембург - Македонија, Србија и Црна Гора, Хрватска, БиХ, Косово-УНМИК и Албанија. Министерскиот состанок заврши со потпишување договор за формирање транспортна опсерваторија на ЈИЕ . чија цел е подобрување и модернизирање на главната регионална транспортна мрежа на ЈИЕ за развој на регионот.
XS
SM
MD
LG