Достапни линкови

logo-print

Имаме заедничка цел, Македонија да биде поблиску до ЕУ


Еврокомесарот за проширување Оли Рен денеска во Скопје се сретна со претсеадтелот Бранко Црвенковски, премиерот Владо Бучковски, а имаше И обракање на владина седница. Тој оствари средба И со амбасадорите на земјите членки на Унијата во Македонија. По повод позитивното мислење грагани И претставници на Европската младина преку пуштање на илјада сини балони симболично го пречекаа пред канцеларијата на Унијата во земјав. Во оваа прилика тој истакна

„Ние сега имаме заедничка цел, вашата земја да биде поблиску до Европската унија, многу успех во вашата работа.“

Доцна попладнево Рен ке се сретне со претсатвници на поголемите политички партии, а ќе има обракање и пред пратениците.

Пораката која еврокомесарот ја пренесува на македонските претставници е продолжување на реформите од кои ке зависи одредувањето на датумот за почеток на преговори со Европската унија. Датумот не треба да ви стане опсесија бидејки тој ќе зависи од брзината на спроведување на реформите, порача Ерван Фуере амбасадор на Европската унија во земјава. Во октомври 2006 ќе се подготви извештај за состојбата во Македонија и од него ќе зависат понатамошните односи меѓу земјава и Унијата:

„Клучот е брз прогрес во имплементирање на реформите. Одлуката, датум за преговори ќе зависи од постигнувањата,“

изјави Фуере.

Препораките од Европската комисија се однесуваат на повеќе области. Како клучни се посочуваат реформи во изборното законодавство со цел фер и демократски избори, судскиот систем, деполитиација на јавната администрација. Во политичките критериуми се споменува и спорот со Грција за уставното име. Во мислењето се вели - земјата е обврзана на регионална соработка, во овој дел потребни се напори, особено во она што подразбира решавање на прашањето за името со Грција во интерес на добрососедските односи.
XS
SM
MD
LG