Достапни линкови

logo-print

Ги поддржуваме аспирациите на Македонија да и се придружи на Европската Унија


Ги поддржуваме аспирациите на Македонија да и се придружи на Европската Унија. Ова е ставот на американскиот Стејт Департмент што го соопшти портпаролот Адам Ерели по препораката на Европската Комисија Македонија да добие статус на земја кандидат за членка на Унијата.

Официјален Вашингтон, како што соопшти портпаролот на Стејт Департменот Адам Ерели, ја охрабрува Македонија да го стори сето она што е потребно за да стане членка на Евроспката Унија.

„Процесот за влез на Македонија во Европската Унија очигледно е прашање што треба да го решат Македонија и Европската Унија. Ние ги поддржуваме аспирациите на Македонија да и се приклучи на Унија и ги охрабруваме и ги поддржуваме реформите и активностите што Македонија треба да ги спроведе за да ги исполни барањата за членство во Европскта Унија.“

Изјави портпаролот Ерели кој уште еднаш го повтори ставот на Стејт Департменот во врска со тоа дали Вашингтон ги поддржува македонските напори да им се приклучи на НАТО и на Европската Унија под нејзиното уставно име.

„Нашата позиција околу прашањето за името не е изменета, односно таа е дека ние ги поддржуваме Македонија и Грција, преку Обединетите Нации, да дојдат до заедничко решение.“

Рече портпаролот на Стејт Департменот Адам Ерели на прес конференцијата во Вашингтон каде што деновиве, Македонија беше спомнувана како пример на Балканот. Американскиот потсекретар на за политички прашања Николас Барнс, во контекст на идниот косовски статус, изјави дека би било грешка доколку се размислува за редефинирање на границите во регионот во кој, како што рече, постои нова земја наречена Македонија која, како мултиетничка држава, всушност е позитивен симбол за косоварите. Претходно пак Ричард Холбрук наведе дека долгорочна цел треба да биде интеграцијата на целиот Балкан во обединета Европа. Ширењето на зоната на слободата и на демократијата кон Исток е историска неопходност од најголем приоритет, изјави Холбрук.
XS
SM
MD
LG