Достапни линкови

Грција нема да го искористи правото на вето


Грција нема да го искористи правото на вето за да се спротивстави на можната одлука на ЕК на Македонија да и го одобри на статусот на кандидат, ни изјави неименуван грчки дипломат во Брисел. Колегиумот на ЕК во овие моменти повторно го разгледува прашањето на Македонија и оценката дали земјата треба да го добие статусот на кандидат за ЕУ. Грчкиот дипломат предупреди дека иако официјална Атина сега нема да го блокира македонскиот пат кон Европа, сепак проблеми можат да се појават, како што рече во подоцнежните фази, доколку во меѓувреме не се реши проблемот со името. Ние секогаш ја подржувавме европската перспектива на Поранешната југ реп Македонија и нема да ја спречиме можноста земјата да добие статус на кандидат но мора да нагласиме дека уставното име за нас преставува проблем, изјави грчкиот дипломат. Најверојатно во текот на денот Европската комисја ке објави дека ја прифака кандидатурата на Македонија за пристап во Европската Унија. Но бриселските извори напомнаа дека постоји можноста и покрај позитивната оценка европските преставници да не го одредат датумот за почеток на преговорите.
XS
SM
MD
LG