Достапни линкови

Синдикатот на одбраната ќе одржи протест


Откако со измените на законот за служба во АРМ право на пензионирање со 25 години стаж добија само официерите, а не и подофицерите и цивилите што работат во армијата, иднината на околу 800 вработени меѓу кои и 160 потпоручници останува неизвесна. На ова се спротивставува синдикатот на одбраната чии прествници денеска попладне ќе протестираат пред Министерството за одбрана барајќи со измените во законот да бидат опфатени, сите што се на служба во Армијата:

„Вишокот на вработени што се појавуваат согласно Стратегискиот одбрамбен преглед за влез во НАТО, неможе да се реши ова прашање со класичен технолошки вишок. Предлагаат некакви дошколувања, пркфалификации итн. Знаете дека во Македонија нема слободни работни места и замислете сега оглас во кој се вели барам капетан командир на тенк, тоа е апсурдна ситуација. Така да за нив нема да има работа, доколку излезат од Армијата. Во таа насока денешниот протест го подржуваат сите“

Вели Ристо Ајтов од самостојниот Синдикат на одбраната кој смета дека со пензионирањето со 25 години работен стаж, во пензија би заминале околу 900 лица со што ќе се отвори простор за нови вработувања. Од друга страна од Министерството за одбрана велат дека остануваат на предложените измени на законот за служба во АРМ донесен од владата. Со него право на пензионирање со 25 години стаж добија само офицерите, додека сите останати ќе се пензинираат со 30 години стаж. Билјана Абврамовска портпарол на МО, смета дека барањата на синдикатот имаат политичка природа:

„Цивилните лица, кои бараат да се опфатат не би можело, бидејќи тоа би значело дека деградација на другите цивилни лица кои работат во другите институции. А во однос на подофицирети и тое е на некој начин неприфатливо, бидејќи тие би можеле да бидат опфатени во министерството за правда, односно во судската полиција и во затворите. Така да ставовите се политикански и се паушални изјави.„

Во меѓувреме синдикатот на одбраната најавува дека ако не биде понудено решение за сите вработени во Армијата тогаш по денешниот мирен протест во наредниот период ќе стапат во штрајк:

„Сепак се работи за луѓе кои во изминативе 12 години се постојано на граница, или пак во 2001 та година учествуваа во одбраната на државата. И сега на ваков на начин да им се врати, мислам дека не е фер.“

вели Ајтов.
XS
SM
MD
LG