Достапни линкови

Баку: Парламентарни избори во Азербеџан


Во Азербеџан денеска се одржуваат парламентарни избори на кои учествуваат 1 500 кандидати за 125 места во парламентот. Азербеџанскиот претседател Илхам Алијев истакна дека изборите ќе бидат во согласност со демократските стандарди и оти ќе бидат одраз на вољата на граѓаните во државата. Но, меѓународната група за човекови права Хјуман Рајтс Воч предупреди дека притисокот врз опозиционите кандидати го прави речиси невозможно одржувањето на регуларни избори. Гласањето на парламентарните избори во земјата ќе го набљудуваат околу 1 300 меѓународни посматрачи.
XS
SM
MD
LG