Достапни линкови

Париз: Десета ноќ од немирите во Франција


Околу илјада возила се запалени, како и неколку јавни институции во синоќешните нереди во париските предградија што траат веќе десети ден по ред, а кои се проширија и во внатрешноста на земјата. Властите соопштуваат дека освен во предградијата, биле запалени и неколку автомобили на централниот плоштад во Париз, додека во градот Еврех гореле најмалку 50 автомобили, бил запален еден шопинг центар, пошта, како и две училишта. Немири имало и во градовите Тулуз, Нант и Лил. Полицијата од саботата уапси околу 200-те лица вмешани во нередите. Насилствата во Франција од страна на имигрантската популација започнаа на 27 октомври, по загинувањето на две момчиња од африканско потекло.
XS
SM
MD
LG