Достапни линкови

logo-print

Париз: Француската влада расправаше за нередите во Париз


Француската влада во текот на изминатата ноќ расправаше за можните мерки за окончување на нередите, кои траат веќе 9 дена во сиромашните предградија на Париз, а се проширија и во внатрешноста. Полицијата денеска соопшти дека само синоќа биле запалени над 750 автомобили, а цел на нападите на демонстрантите биле и јавните институции. Околу 200 лица биле приведени. Соочен со најсериозната криза од почетокот на мандатот, францускиот премиер Доминик Де Вилпен, до крајот на месецов најави акционен план за подобрување на условите за живот во предградијата, главно населени со имигранти од Северна Африка.
XS
SM
MD
LG