Достапни линкови

Деманти од владите на поранешниот советски блок


Тензиите растат по наводите во Вашингтон Пост дека Циа имала тајни затвори во источна Европа каде што ги префрлала осомничените терористи на Ал Каеда за да го избегне правниот надзор на американските власти. Написот предизвика лавина деманти од владите на поранешниот советски блок. Двете земји посочени и од Директорот на Хјуман Рајтс Воч Том Малиновски вчера изјави дека постојат извесни докази кои силно посочуваат дека Романија и Полска се инволвирани. Полското министерсво демантираше, а тоа го направија и романските власти.

„Романската разузнавачка служба нема информации кои можат да го потврдат постоењето на такви затворски центри во нашата земја.“

Деманти испратија и балтичките земји како и Грузија и Ерменија. Во меѓувреме, Европската комисија соопшти дека не постојат специфични сомневања дека Американската агенција ЦИА има затвори за терористи во Источна Европа. Комисијата која најави истрага за наводите на вашингтон Пост изрази и задоволство од демантите од Полска и Романија.
XS
SM
MD
LG