Достапни линкови

Одложен утрешниот планиран состанок на премиерите на Албанија, Македонија, Црна Гора и Косово


Неформалниот состанок на премиерите на Албанија, Македонија, Црна Гора и Косово планиран за утре во Приштина е одложен, на барање на премиерот на Македонија Владо Бучковски, соопшти денеска мисијата на Обединетите Нации во Приштина. УНМИК наведува дека сите четворица премиери остануваат приврзани на ангажманот со цел на ширење на соработката меѓу земјите во регионот и создавање нов имиџ на патот кон евро-атланските интеграции. Медиумите во Македонија јавуваат дека одлагањето го побарала и меѓународната заедница откако УНМИК и ЕУ процениле дека по конструктивниот настап на српскиот премиер Воислав Коштуница на седницата на Советот за Безбедност не е добро да се одржи регионална средба без преставник на Србија. Од друга страна Албанскиот премиер Сали Бериша во Тирана рекол дека еден од колегите не можел да присуствува тој ден, но дека состанокот со сигурност во иднина ќе биде одржан. Црногорскиот премиер Мило Џукановиќ пак вчера изјавил дека ќе ја преиспита претходна одлуката да присуствува на работниот ручек на повик на премиерот на Косово Бајрам Косуми, бидејки одредени релевантни кругови во Њујорк сугерирале дека почетокот на преговорите за Косовскиот статус е поважно од еден состанок. Миа од друга страна повикувајки се на кабинетот на премиерот Владо Бучковски јави дека тој зборувал телефонски со косовскиот премиер Косуми при што изразил надеж дека наскоро ќе бидат создадени услови за таква средба. Според дописникот на МИА од Белград пак српскиот премиер Воислав Коштуница вчера разговарал исто така телефонски со Бучковски и побарал состанокот во Приштина да биде одложен.
XS
SM
MD
LG