Достапни линкови

logo-print

Вашингтон: Демант за тајните затвори на ЦИА


Наводите во Вашингтон Пост дека ЦИА имала тајни затвори во источна Европа каде што ги префрлала осомничените терористи на Ал Каеда за да го избегне правниот надзор на американските власти предизвика лавина деманти од владите на поранешниот советски блок. Поради тоа што беа наведени и некои земји членки на Европската Унија, Комисијата вчера во Брисел соопшти дека ќе ги истражи извештајите и доколку е точно ќе биде преземена акција, бидејки земјите членки се обврзани на Европската Конвенција за човекови права.
XS
SM
MD
LG