Достапни линкови

Безбедносната состојба не е нарушена, загрозена сигурноста на живеењето


Безбедносната состојба во земјата не е нарушена, но загрозена е сигурноста на живеењето на граѓаните, коментираат аналитичарите по последните експлозии на бомби во Прилеп и Тетово. Тие не ја исклучуваат можноста дека ваквите случувања се последица на присуството на големи количини на оружје кај поединци но и на конфликтот од 2001 година.

„Состојбите во Македонија воопшто се карактеризираат со зголемен криминалитет и со елементи на насилство. Насилството е последица на длабоките промени кои настанаа во економските односи и криминалитетот кој се јавуваше во врска со приватизацијата на општествениот капитал и средства. Овие поединечни случаи не би требало да се поврзуваат со општите безбедносни состојби во државата, овие се појави кои во голема мера ја нарушуваат сигурноста, чувството на безбедност на граѓаните во нивното живеење.“

објаснува Љупчо Арнаудовски, проф на Правниот Факултет во Скопје

Тој додава дека во вакви случаи реакциите на надлежните органи се од суштинско значење за сузбивање на криминалитетот и насилството во земјата.
Од мисијата на Проксима велат дека се разочарани од последните случувања во земјата но истакнуваат дека тоа драстично не ја менува безбедносната состојба .

„Безбедносната ситуација во земјата е стабилна. Секако ги забележавме експлозиите што се случија во изминатите неколку дена И силно ги осудуваме таквите настани. Убедени сме дека во контакст со македонската полиција сторителите ќе бидат казнени.“

изјави Андреа Анџели, портпарол на Проксима

И првиот човек на полицијата изјави дека нападите не ја нарушуваат безбедносната состојба во земјата и дека во споредба со минатата година намален е бројот на нарушувањата на безбедноста во државата.
Од Министерството за внатрешни работи велат дека е во тек истрагата за сторителите на овие кривични дела.
XS
SM
MD
LG