Достапни линкови

logo-print

Техеран: Иранските власти најавуваат реорганизација на дипломатијата


Иранските власти ќе спроведат голема реорганизација на дипломатијата на земјата. Министерот за надворешни работи Маночер Мотаки изјави дека околу 40 амбасадори на Иран, ќе бидат заменети до март 2006-та година. Меѓу дипломатите кои ќе бидат заменети се иранскиот амбасадор во Лондон, Париз, Берлин и Женева. Тој не даде детали за причините за ваквиот чекор, кој доаѓа неколку месеци по победата на претседателските избори на контроверзниот лидер Махмуд Ахмадинеџат.
XS
SM
MD
LG