Достапни линкови

Семдини: Најмалку 23 повредени во експлозија во Турција


Најмалку 23 лица се повредени при експлозија на автомобил бомба пред зградата на полицијата во градот Семдини, во југоисточна Турција во близина на границата со Ирак и Иран. Предизвикана е материјална штета, а меѓу повредените се и неколкумина турски полицајци, војници и 16 цивили. Локалните власти за експлозијата ја обвинија Курдската работничка партија, која сеуште не ја презела одговорноста.
XS
SM
MD
LG