Достапни линкови

Уште една причина за одбегнувањето на странските ивестиции, велат експретите


Македонија со вториот официјален кредитен рејтинг изработен од Агенцијата Фич која се занимава со нивно изготвување е пониско рангирана од првиот, оној на Агенцијата Стандард и Пур. Мишо Николов од Центарот за економски анализи објаснува дека според оценката на Стандард и Пур, Македонија беше на најниско ниво од земјите кои се поволни за инвестиции, а со извештајот на Фич кој го добивме вчера, рангирани сме на највисокото ниво на земји во кои е ризично да се инвестира. Според Николов овие рејтинзи имаат големо влијание врз странските инвеститори и оние кои сакаат да инвестираат во државни обврзници:

„Тоа што го добиваме од Стандард и Пур е екстремно позитивно, меѓутоа за жал од Фич не ја добивме истата оценка. Тоа значи дека ние кога ќе решиме да го издадеме Евробондот што планира да го издаде Министерството за финансии, тоа ќе значи дека Министерството ќе мора на странските инвеститори да им понуди нешто поголема камата, за да го компензира тој ризик кој што постои за инвестирање во Р Македонија.“

За да се изготви извештајот на Кредитниот рејтинг на земјите вели Николов, агенциите земаат во предвид повеќе параметри:

„Најбитна е политичката стабилност и заради тоа Македонија губи многу поени, понатаму битна е економската сосотојба, тука Македонија токму затоа неможе да стигне во погорните нивоа на инвестиции, понатаму се испитува макроекономска стабилност, да речеме конретно, буџетскиот дефицит во државата кој во последните три години е многу добар во Македонија, понатаму дефицитот на тековна сметка, каде што сме послаби.“

Со ваквата оценка Македонија ја губи конкурентноста за странските инвестиции во однос на другите балкански земји кои имаат подобар рејтинг од нас:

„Ќе биде причина плус зошто странските инвеститори се колебаат да инвестираат во државата, кога тука се соседните земји како Бугарија, кои имаат повисоки оценки.“

Портпаролката на министерството за финансии Маја Богдановска пак, со различни проценки. Вели очекуваме позитивни резултати:

„Позитивни изгледи значат дека се очекува наредниот рејтинг да биде позитивен, односно дека се забележани позитивни трендови и во економијата и во политичкиот систем, што секако дава шанса за во Македонија да има повеќе инвестиции.,,

Во светот постојат три агенции кои се влијателни во однос на рејтингот врз инвеститорите. Мудис, Фич, и Стандар и Пур. Македонија веќе има оценки од две од нив.
XS
SM
MD
LG