Достапни линкови

Граѓаните сеуште недоволно информирани


Двата нови пензиски стартуваа со работа пред нешто повеќе од еден месец. За тој период и од нов пензиски фонд на Тутунска банка и од КБ осигуретелно друштво на Комерцијална банка велат задоволни се од работата на теренот со новите осигуреници. Според реформите во пензискиот систем овој столб на осигурување е задолжителен за сите кои се вработени после 1 јануари 2003 година. Тоа значи дека граѓаните со просечна плата од 12 000 денари ќе треба да уплаќаат 4.243 денари од кои 1,485 ке одат на личната сметка на осигуреникот а 2,758 во фондот за пензиско инвалидско осигурување.

Петар Талевски директор на секторот за маркетинг и продажба во Нов пензиски фонд вели дека интересот за зачленување досега е голем. Рокот до кој треба граганите да изберат фонд истекува на 31 декември. Оние кои нема да се зачленат во ниту еден ке ги распедели државата. Талевски потенцира дека покрај агентите кои што работат на терен заинтересирани грагани се јавуваат и на нивните телефонски броеви:

„Проблеми немаме особени, се среќаваме со ситуација на недоволна информираност на населението. Луѓето треба да знаат дека одлуката за зачленување во пензиски столб е лично нивна.“

Граѓаните пак со различни информации:

„Нововработените мислам дека треба задолжително.“
„Дел од парите се префрлаат на приватна сметка и се додаваат на износот на пензија после пензионирање“


И од КБ осигурително друштво пак велат се задоволни и точно на половина од кампањата имаат околу 16 000 осигуреници но и дека оваа бројка не конечна. Антигона Буклевска раководителот на секторот за индивидуални сметки и грижа за клиенти објаснува дека се функционира добро пред се поради поставена законска регулатива:

„Во овој момент имам чувство дека луѓето веќе се запознаени со структурата на системот со тоа како во иднина ќе фунционира пензиското осигурување. Во моментов најголем број прашања доаѓаат од доброволните корисници кои прашуваат дали им се исплати да уплаќаат средства.“

Осигуреницита пак ке имаат право да ги извадат своите пари по основа на старост, инвалидитет и смрт по која заштедата ја наследува семејството. Начинот и периодот пак во кој ке може да се извадат парите сеуште не е законски регулиран.
XS
SM
MD
LG