Достапни линкови

Њујорк: Денеска гласање за резолуцијата за Сирија во Советот за безбедност


Советот за безбедност на Обединетите Нации денеска треба да гласа за резолуцијата со која од Сирија се бара целосна соработка во врска со убиството на поранешниот либански премиер Рафик Харири или во спротивно ќе бидат воведени санкции. Предлагачи на резолуцијата се Соединетите Држави, Франција и Велика Британија. Русија и Кина се против заканата со санкции. Истрагата на тимот на Обединетите Нации покажа дека во атентатот врз Харири, при што загинаа уште 20 други лица, се вмешани сириски и либански безбедносни претставници.
XS
SM
MD
LG