Достапни линкови

Техеран: Изјавата за бришење на Израел не е ништо ново, повтори Ахмадинеџад


Иранскиот претседател Махмуд Ахмадинеџад денеска истакна дека неговата изјава оти Израел треба да биде ,,избришан од светската карта,, не претставува ништо ново. Зборувајќи пред членовите на полицијата Басиј во Иран, Ахмадинеџад не ја повтори контроверзната изјава, но рече дека би претставувало ,,неопростиво злосторство,, за исламските земји доколку се признае еврејската држава. Контроверзната изјава на Ахмадинеџад од минатата недела, беше осудена од меѓународната заедница, а Израел побара Иран да биде отстранет од Советот за безбедност на ОН.
XS
SM
MD
LG