Достапни линкови

Вашингтон: Пентагон проценува дека 26 000 ирачани загинале од 2004 година


Во своите проценки за жртвите во Ирак, Пентагон проценува дека околу 26 илјади ирачани загинале или се повредени во нападите во земјата од 1 јануари 2004-та година. Како што пренесуваат агенциите во извештајот кој претставува одговор на прашање од членовите на американскиот Конгрес не е наведена вкупната бројка, но според наведениот број на жртви во одреден временски интервал е пресметана бројката од 26 илјади загинати или повредени ирачани. Во Ирак загинаа и околу 2000 илјади американски војници, а американскиот претседател Џорџ Буш во синоќешното радио обраќање изјави дека најдобар начин да се покаже почит кон нив, е да се победи во војната против тероризмот. Јавната подршка на Буш во Соединетите држави опаѓа и според анкетите изнесува 39%.
XS
SM
MD
LG