Достапни линкови

Мала земја, големо незадоволство кај граѓаните


Не станува збор за понуда на нови идеи, бидејќи секоја нова партија нуди нешто што веке сме го слушнале, ги коментираат аналитичарите најавите за формирање на нови партии. Причините тие ги наогаат во фактот што главно во двете големи партии СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ се зачленувале луге кои не биле приврзаници ниту на социјалдемократијата, ниту на конзервативните начела. Додека не се искристализираат идеите ке има прегрупирања. За шансите на новите партии и што понатаму Емилија Симовска од Институтот за социолошки и политичко правни истражувања вели:

„Во мала земја каде што незадоволството на граѓаните е големо, не може да се каже дека нова партија нема шанса. Но, природниот процес што би требало да се одвива во вакви услови е окрупнување врз основа на идеја и политичка програма, а ние немаме партија со искристализирана идеологија во вистинска смисла на зборот.“

Дали пак можат да понудат нешто ново не е прашање само за новите партии, тоа е прашање што треба да се прошири на сите партии:

„Ако ги погледнете политичките програми во изминатите години, ќе видите дека сите ја споменуваат ЕУ и економскиот развој како цел, но никој не кажува како ќе се дојде до тие цели,“

изјави Рената Дескоска од Правниот факултет во Скопје. Лилјана Поповска чија матична партија ЛДП најави нејзино исклучување од раководните органи вели размислувам подолго време за друга политичка опција, бидејќи партијата ги напушти либерално-демократските начела.

„Убедена сум дека има простор за нови политички субјекти. Тоа го покажуваат сите анкети. Над 50 насто од граѓаните се неопределени и не може да се препознаат во постоечките партии.“

Трендот на формирање на нови партии што произлегоа пред се од ВМРО-ДПМНЕ започна пред нешто помалку од десет години, а во 2004 се појавија и ВМРО-Народна, ДРУМ, Земјоделската партија. Најавата на Тито Петковски за формирање на нов политички субјект е прва што ке произлезе од Социјалдемократскиот сојуз. Од оваа појава не беа поштедени ни помалите политички партии, од Демократската алтернатива формирана во 1998 по околу три години произлезе Нова демократија. Истото се случува и во албанскиот блок од владеачката ДУИ, годинава се формираше Нови демократски сили.
XS
SM
MD
LG