Достапни линкови

Њујорк: Над 2,200 компании учествувале во проневери поврзани со програмата нафта за храна


Во конечниот извештај на комисијата која ги истражуваше проневерите за време на програмата на Обединетите Нации нафта за храна за Ирак, е утврдено дека во масовната корупција учествувале над 2 илјади и 200 компании и повеќемина политичари. Станува збор за проневера на околу милјарда и 800 милиони долари. Меѓу фирмите кои учествувале во малверзациите, од кои се богател и Садам Хусеин, се вклучени и компании како Дајмлер-крајслер, Сименс, Лукоил и други. Истрагата ја водеше Пол Волкер, кој оцени дека овие малверзации не би биле можни доколку Обединетите Нации имале подобро раководство.
XS
SM
MD
LG