Достапни линкови

Кашмир: Предупредување од хуманитарните работници за последиците од земјотресот


Хуманитарните работници упатија ново предупредување до меѓународната заедница дека многу луѓе во пакистанскиот дел на Кашмир би можеле да умрат од глад и студ доколку итно не биде зголемена помошта. Претставникот на светската програма за храна Дејвид Ор соопшти дека помош им е потребна на 2 милиони и 300 илјади луѓе. Во земјотресот што го погоди тој регион на 8-ми овој месец, загинаа околу 57 илјади луѓе, а над 75 илјади беа повредени.
XS
SM
MD
LG