Достапни линкови

Проверката на веродостојноста оди тешко


Станови, куќи, овци, свињи, автомобили, банковни сметки се пријавени како дел од имотот на политичарите во анкетните листови. Но, спротивно од очекувањата на јавноста ниту еден од нив не е премногу богат. Дали листовите со имотната состојба на политичарите се веродостојни надлежна е да утврди антикорупциската комисија. Претседателот Драган Малиновски објаснува дека должност на политичарите е да го пријават својот имот кога ке стапат на функција , при промена на имотна состојба и кога си одат од работното место. Но, комисијата ја испитува точноста на наведените информации само во случај кога има индиции дека некој лаже:

„Во моментов невозможно е секој да се провери, но каде што имаме индиции тоа го правиме, од причина што имаме проблем со ажурирањето на податоците во УЈП, електронското поврзување, тој проблем сеуште постои,“

вели Малинковски и додава дека и во досегашната работа откриле и политичари кои не биле искрени

„Има такви случаи, управата постапува.“

Но, Џевдет Хајредини претседател на поранешната организација Македонија без корупција смета дека нашите политичари се сиромашни за поширока јавност затоа што знаат како да ги користат различните форми за прикривање на имотот и токму затоа анкетните листови според него не се начин за спречување на коруптивното однесување:

„Да биде во пари во банки, не е објективно ефикасна мерка, има влијание, ама незначајно, односно стравот на потенцијалните носители на јавна функција.“

Хајредини обвинува дека и самата антикорупциска комисија не може да биде ефикасна во работата затоа што законски не е добро поставена

„Со тие надлежности со тој делокруг на работа, се слушаат контрадикторни информации, нивните наоди ги земаат органите да ги гонат, а да имавме ефикасни надлежни органи не ќе имавме комисија.“

Според законот за спречување на корупцијата испитување на веродостојноста на имотите врши антокорупциската комисија и Управата за јавни приходи кои долколку утврдат нерегуларности се обракаат до надлежниот основен суд.
XS
SM
MD
LG