Достапни линкови

logo-print

Багдад: Ирачаните го прифатија Уставот на земјата


Ирачката изборна комисија објави дека гласачите го прифатиле Уставот на Ирак во рамки на референдумот што беше одржан на 15-ти октомври. Изборната комисија денеска ги соопшти конечните резултати според кои 78% од избирачите, гласале ,,ЗА,, Уставот на земјата, а во две од вкупно 18 провинции во земјата, гласачите на референдумот се изјасниле против Уставот. Успешноста на референдумоти прифаќањето на Уставот, беше услов за одржување на парламентарните избори во земјата, кои би требало да се одржат во текот на декември, а на кои треба да се избере нова влада со четиригодишен мандат.
XS
SM
MD
LG