Достапни линкови

Слободниот пазар на електрична енергија, не води нужно кон пониски цени


За две до три години индустриските капацитети во држвава ќе може да купуваат струја и гас од било која друга земја потписничка на договорот за енергетска заедница на земјите од Југоисточна Европа кој денес се потпишува во Атина.

„Тоа нема така брзо да го почувствуваат граѓаните, вклучувајќи ги и помалите потрошувачи. За поголемите потрошувачи ќе биде побрзо, затоа што тие ќе можат многу полесно да купуваат електрична енергија во околните земји и ЕУ. Тоа значи дека ако електричната енергија во Бугарија е многу поефтина од Македонија, тогаш ќе можат да купуваат таму се разбира ваква можност ќе имаат и домаќинствата но за нив таа ќе биде достапна до 2015, додека за останатите потрошувачи тоа ќе биде некаде во 2007-2008-та година.“

објаснува професорот од Електро-техничкиот факултет Рубин Талески.
Експертите се едногласни дека потписниците Македонија, Албанија, Босна и Херцеговина, Грција, Србија и Црна Гора, Романија и Турција од регионалниот пазар нема да имаат никакви негативни последници.
Една од предностите од формирањето на ваквиот пазар какви што веќе постојат во рамките на Европската унија е и зголемување на конкуренцијата. Македонија и до сега купуваше електрична енергија од соседните држави, но професорот по електро енергетски системи Властимир Гламочанин објаснува дека тоа се случуваше само кога енергетскиот систем неможеше да овозможи енергија за сите корисници.

„Сега пазарот на електрична енергија значи дека не се ограничени да купуваат само од државата, туку ќе можат да купуваат електрична енергија по поевтини цени и надвор од неа. Додека порано беше задоволување на билансите и потребите на земјта, а ако се појавата недостатоци тогаш се купуваше и надвор од неа.“

Конкуренцијата пак, би требало да обезбеди и пониска цена за потрошувачите, но според Атанаско Туневски универзитетски професор искуствата од регионалниоте пазари во Европа не го покажуваат тоа:

„Лични пазари на електрични енергии во Западна Европа по нивното формирање со либерализацијата на тој пазар, не води нужно кон помали цени на електричната енергија, односно цените можеби и ќе растат.“

И професорот Талески посочува на нужното поскапување на електричната енергија:

„Ќе биде сигурно повисока од онаа што сега ја плаќаме, но треба да се знае дека потрошувачите во Македонија плаќаат пониска цена од онаа што би требало да биде.“

вели тој и додава дека Македонија и да не го потпише договорот ќе има потреба од купување на струја затоа што немаме капацитет за задоволување на својот пазар.
XS
SM
MD
LG