Достапни линкови

Киев: Митал ја купи најголемата железарница во Украина


Украинската најголема железарница Криворизстал на денешната ауксција беше продадена за четири милијарди и осумстотиони милиони долари. Ја купи компанијата Митал со седиште е во Холандија. Станува збор за најголемата приватизација во постсоветска Украина. Оваа железарница во минатата година за осустотини милиони долари им беше продадена на група индустријалци блиски до поранешниот претседател Леонид Кучма. Сегашниот шеф на државата Виктор Јушченко ваквата зделка ја нарече кражба по што судот ја поништи.
XS
SM
MD
LG