Достапни линкови

Њујорк: Седница на Советот за безбедност на ОН


Во Њујорк денеска ќе биде одржана седница на Советот за безбедност на Обединетите Нации на која се очекува да биде означен почетокот на преговорите за идниот статус на Косово. Всушност станува збор за одобрување на препораката на генералниот секретар Кофи Анан за старт на тие преговори а што беше дадена врз основа на извештајот на норвешкиот дипломат Каи Еиде за степенот на спроведувањето на стандардите на Косово. На седницата на Советот за безбедност ќе учествува и српскиот премиер Воислав Коштуница кој, како што наведуваат белградските медиуми, ќе ги изложел елементите за суштинска автономија на Косово.
XS
SM
MD
LG