Достапни линкови

Западен Брег: Израелската армија уапсила 16 палестинци


Израелската армија соопшти дека синоќа на Западниот брег уапсила 16 палестинци, вклучувајќи 13 припадници на движењето Хамас. Палестинците биле уапсени во регионот на Хеброн, во текот на големата акција спроведена од израелските сили, како одговор на палестинските напади на окупираните територии пред една недела. Ден претходно израелската војска уапсила други 15 палестинци, а во текот на рацијата била пронајдена и бомба скриена под прекривката на едно бебе.
XS
SM
MD
LG