Достапни линкови

Подршка за неменување на границите во пресрет на решавање косовското прашање


Премиерот Владо Бучковски ја доби очекуваната подршка од неговиот албански колега Сали Бериша за неменување на границите во регионот во пресрет на решавање на статусот на Косово:

„Албанија е на ставот дека во рамки на овие разговори, треба да се почитуваат постоечките граници на Балканот, вклучувајќи ги и границите на Косово, а статусот треба да се реши во согласност со вољата на граѓаните, се разбира со подршка на меѓународната заедница. Албанија инсистира на целосно почитување на правата и слободите на српското и се разбира на другите малцинства на Косово.“

„Во конструктивна атмосфера разменивме мислења, кои во голем дел се идентични со ставовите што во овој момент ги имаме околу евентуалниот финален статус на Косово. За дел од принципите говореше Бериша со кој јас имам скоро истоветно гледиште. Во овој период кога се зацврстува довербата и кога се праќаат позитивни сигнали, многу е битно да се зацрврсти основниот принцип, дека било какво решение кое ќе води кон независност на Косово нема да предизвика промена на границите и решението на финалниот статус нема да се движи надвор од постоечките граници во кои во овој момент е покраината Косово. А во краен случај одлуката нема да се носи ниту во Скопје ниту во Тирана.“

Изјавија македонскиот премиер Владо Бучковски и албанскиот премиер Сали Бериша.
Освен косовското прашање, двајцата премиери разговарале за како што рекоа, извонредните билатерални односи меѓу двете држави како и за евроинтеграциите:

„Во релациите меѓу двете држави се надевам во иднина многу повеќе ќе бидеме преокупирани со поголема економска соработка, но за неа ни треба реализација на заедничките инфраструктурни проекти затоа ни треба и подршка и од европските и од другите меѓународни финансиски институции.“

Албанскиот премиер за време на неговата еднодневна посета на Македонија, се среќава и со претседателот на државата Бранко Црвенковски, претседателот на Собранието Љупчо Јордановски и со други партиски претставници.
XS
SM
MD
LG