Достапни линкови

logo-print

Сибир: Абрамович реизбран за гувернер


Рускиот мултимилијардер Роман Абрамович повторно е избран за гувернер на регионот Чукотка во североисточен Сибир. Одлуката на Собранието на ова провинција која е седум илјади километри одалечена од Москва беше поздравена од претседателот Владимир Путин. Триесет и осумгодишниот Абрамович кој е познат како сопственик на англискиот фудбалски клуб Челзи неодамна за тринаесет милијарди ја продаде неговата нафтена фирма на рускиот државен монопол Газпром. Чукотка по територија е поголема од Франција, но во неа живеат само пеесет и пет илјади луѓе.
XS
SM
MD
LG