Достапни линкови

Сирија: Извештајот на ОН за убиството на Харири оценет како лажен и политички мотивиран


Сирија денеска го оцени како лажен и политички мотивиран извештајот на Обединетите Нации во кој се наведува дека таа земја е поврзана со убиството на поранешниот либански премиер Рафик Харири. Во извештајот доставен до Советот за безбедност се прецизира дека постоеле докази оти високи официјални претставници на Сирија и на Либија биле вмешани во експлозијата на автомобил бомба во февруари годинава во Бејрут при што освен Харири загинаа уште дваесетина други. Претходно и кабинетот на либанскиот претседател Емил Лахуд ги отфрли обвинувањата во извештајот, дека Лахуд, само неколку минути пред атентатот, контактирал со еден од осомничените.
XS
SM
MD
LG