Достапни линкови

Каква болест е атипичната чума или болеста Њукасл?


Болеста пипка меѓу народот е одамна позната. И селаните каде што изгинаа голем број кокошки велат дека не прв пат да се случи ваков помор. Некои дури тврдеа дека пипката на секоја петта година им ја уништува целата живина. Сега таа во јавноста е актуелизирана под името атипична чума или Њу Касл. Токму оваа болест е пречка за нашето пилешко месо да се извезува во Европската унија. Директорот на Ветеринарната управа Слободен Чокревски објаснува дека со одлука е задолжителоното да се вакцинираат целата живина а пак вакциниранотио месо е забрането во земјите на ЕУ:

„Прво пилешкото од Македонија не е дозволено во Европската Унија, бидејќи ние ја вакцинираме живината против оваа Њукаселска болест, а тие недозолуваат бидејќи имаат политика за невакцинација и бидејќи кај нив не се вакцинирани, не дозволено од земјите каде што се вакцинира да се извезува во ЕУ. Земјите имаат големи фарми на животни и голема концентрација на животни на едно место. Значи едно внесување на една болна птица од било која болест, може да значи банкрот и катастрофа за таа фарма, така да самите фармери се многу претпазливи во тие фарми и затоа сите дополнителни мерки ги преземаат, а не само оние кои што ние им ги кажуваме.“

Вакцинацијата се врши два пати годишно со капнување на течност во очите на кокошките. Живинарските фарми од страв кон лесно заболување на живината од атипичната чума редовно вршат вакцинирање.

„Кокошките во фармите, во организираните фарми, скоро никогаш не заболуваат. Бидејќи програмата за вакцинација на тие кокошки, ги покрива сите можни болести на живината.“

вели Вили Кичуков претседател на здруженито на живинари во Македонија.
Токму заради ваквиот начин на превенција од атипичната чума нивното месо до забраната од Хрватска се извезуваше само во соседните балкански земји.
Каква е опасноста пак лугето да се разболат од месо заболено со атипична чума.Според докторите не постои никава можност болеста да има било кави последици врз здравјето на лугето. Секој вирус умира на 70 степени па варените јајца и месото кое што е термички обработено не може да биде заразно. Ниту оние пак кои одгледуваат живина не се во опаснот од атипичната чума која одсекогаш предизвикавала помор во Македонија.
XS
SM
MD
LG