Достапни линкови

logo-print

Багдад: Запален главниот нафтовод во Ирак


Ирачки бунтовници, како што јавуваат агенциите, со активирање експлозив, денеска го запалиле главниот нафтовод во северниот дел на Земјата. Ирачките надлежни служби соопштија дека пожарот бил голем и оти не можат да го стават под контрола. Инаку, американската команда во Багдад денеска соопшти дека во два напада во близина на овој град загинале четворица американски војници.
XS
SM
MD
LG