Достапни линкови

logo-print

Куба: Десетици илјади евакуирани пред ураганот Вилма


Десетици илјади туристи и жители на Куба, Мексико, Флорида и на уште неколку други карипски земји се евакуирани пред ураганот Вилма кој со ветрови со брзина од двесте и пеесет километри на час е најсилниот ураган што досега е забележан на Атлантикот. Движењето на ураганот се уште е тешко да се предвиди, велат стручњаците кои сепак додаваат дека Вилма по се изгледа нема да мине низ крајбрежието на Мексиканскиот залив кој неодамна беше уништен од двата претходни урагана Катрина и Рита.
XS
SM
MD
LG