Достапни линкови

logo-print

Јавноста е слабо информирана како да се заштити


Како и на кој начин да се информираат граѓаните за заштитата и опасноста од птичјиот грип. Ветеринарна управа после вчерашното утврдување на можност за постоење на овој вирус кај една кокошка испрати памфлет со информации до медиумите. Но, директорот на управата Слободан Чокревски вели дека овој потег не дал резултати

„Тој материјал зашто е итна состојбата мислевме дека најдобро ќе се искомуницира преку медиумите и мислевме дека медиумите ќе ја разберат сериозноста на ситуацијата и ќе го објават, ама електронските медиуми не ни известија дека постои таква работа. Има и касета од ЕУ од околу 11 – 12 минути и ќе ја поделиме по електронските медиуми.“

Министерството за здравство пак во четврток од владата ке побара 60 милиони денари за превенција од птичји грип. Чокревски вели дека сепак за поголема медиумска кампања парите недостасуваат

„Пари во оваа состојба немаме. Ни требаат заштитни материјали за луѓето на терен, а не реклами и кампањи.“

Граѓаните пак со различни информации за превенциајата и опасноста од вирусот.

„Не сум доволно информиран.“
„Се плашам, ама не сум информиран.“


Но, Чокревски потенцира дека нај ризична група на луге се оние кои живеат во селата . Со нив управата има различен метод на работа

„Двор на двор одат колегите, им кажуваат се што треба, колку што може. Не можеме да покриеме 100 насто, тие ниту читаат, ниту следат, повеќе не можеме.“

Памфлетот испратен до медуимите се состои од податоци и препораки за тоа кој заболува , како се препознава болеста во јато, што може да се направи за да се спречи , како се инфицира човекот , кои се ризичните групи на луге и како да се заштитат. Според флаерот болеста се пренесува во контакт со заболени животни но со варење и печење на месото се уништува. Вакцина за заштита пак во овој момент не постои.
XS
SM
MD
LG