Достапни линкови

Пекинг: Рамсфелд бара од Кина поголема транспарентност за воените капацитети


Американскиот државен секретар Доналд Рамсфелд побара од Кина да биде потранспарентна во врска со воените капацитети, истакнувајки дека тајното развивање на кинеските воени сили, предизвикува загриженост во светот. Неговиот кинески колега Чао Ганчуан, на заедничката прес конференција во Пекинг, демантира дека Кина драстично ги зголемува вложувањата во воените капацитети. Рамсфелд престојува во прва официјална посета на Кина откако е секретар за одбрана. Според проценките на Пентагон, кинескиот буџет за одбраната изнесува околу 90 милијарди долари.
XS
SM
MD
LG