Достапни линкови

САД и ЕУ на ист фронт околу Балканот


Соединетите Држави и Европската Унија се на ист фронт околу Балканот, без оглед што некогаш ставовите на Вашингтон или на Брисел во одредена ситуација изгледаат помеки или потврди, сметаат аналитичарите. Во последно време тие ја воочуваат офанзивата на американската дипломатија во регионот.

Соединетите Држави никогаш не го изгубија интересот за Западен Балкан. Доволно е да се согледа големината на базата Бондстил на Косово, изјави за Слободна Европа Алесандро Рота, регионален експерт во Центарот за меѓународни политички студии во Рим. Тој вели дека се приближува клучниот момент за Косово и регионот и оти американскиот глас се посилно се слуша, односно дека политиката на Соединетите Држави и на Европската Унија се пополнуваат. Додатен повод е што народот на Косово врз основа на свежите искуства чувствува дека Вашингтон е посигурен партнер, што пак не го намалува фактот дека стратегиски хоризонт за целиот регион е членството во Европската Унија. Според Алесандро Рота нема разлики иако Вашингтон токму во неделата кога Загреб и Белград започнаа нова фаза во односите со Европската Унија предупреди дека ќе го блокира нивниот пат кон НАТО доколку не се испорачаат преостанатите хашки бегалци.

„Не мислам дека постојат разлики меѓу Соединетите Држави и Европската Унија. Кога зборуваме за ширењето на НАТО и Унијата подразбираме различни процеси. Најновите сигнали од Брисел се дел од комплексното настојување регионот да се приближи кон Унијата и тоа е позитивно. Тоа што ставот на Америка е потврд во однос на НАТО е дел од усогласена стратегија. “

Американскиот државен секретар Николас Барнс во Приштина изјави дека очекува почеток на разговорите за статусот на Косово за 30 дена. Прашањето е дали постоји средно решение ако лидерите на косовските албанци инсистираат на независност, а Белград истрајува на формулата ,, Повеќе од автономија, помалку од самостојност,,

„Тешко е да се замисли почеток на разговори за статусот со однапред дефинирана идеја за независност како исход и тешко е да се сфати дека Белград ќе, прифати таков исход. Решението кое е највеќе присутно во меѓународните кругови упатува на она што се нарекува Условена Независност. “

вели Алесандро Рота, регионалниот експерт во Центарот за меѓународни политички студии во Рим. Рота додава дека Унијата се обидува да ја ангажира Србија и Црна Гора да биде конструктивна во разговорите како и да ги ублажи барањата на косовските албанци. Тој смета дека вешто формулиран и спакуван предлог за условна независност би можело да биде компромисно решение.
XS
SM
MD
LG