Достапни линкови

Завршување на мандатот на мисиите догодина


Откако во средината на 2003 дел од мисиите почнаа да го намалуваат своето присуство во земјава, до крајот на годинава и наредната година се очекува и нивно завршување на мандатот. Ова посочуваат од меѓународните мисии во земјава се должи на стабилизирањето на безбедносната состојба во Македонија.

„Поради подобрената безебедносна состојба, добро спроведување на охридскиот рамковен договор, како и поради напорите што ги прави земјата за постигнување на европските стандарди. Тоа се причините за намалување на присуството на претставниците на мегународната заедница.“

„Останатите институции ги реорганизираат своите мисии во Македонија, секако и НАТО го стори тоа пред речиси година и пол, тоа е добар знак за Македонија, бидејки кога се зголеми присуството и кога Алијансата имаше свој амбасадор тоа беше поради критичниот момент во Македонија во тој период. Тогаш земјата имаше потреба некој да и помага при справувањето со проблемите. Сега НАТО има свој советодавен тим, затоа што сега е потребна само помош во спроведување на реформите потребни за членство во Алијансата“


изјавија Сали Браутон од ОБСЕ и Крег Ратклиф од НАТО.

И Европската унија наместо двајца амбасадори еден во функција на специјален претставник и еден во својство на амбасадор на Европската комисија, од ноември ке има само еден. Тој ке поднесува извештаи и до претседателот на Европската комисија и до високиот претставник за заедничкта надворешна и безбедносна политика на Унијата, Хавиер Солана. Од канцеларијата на специјалниот претставник информираат дека институциите во Унијата веке неколку месеци ја проучувале можност да има само еден претставник во Македонија и оти тоа не треба да се поврзува со евроинтеграцискиот процес на земјава

„Фактот што една личност ке биде на чело на две институции не е поврзано со мислењето и европската интеграција и слични аспекти на тоа прашање, проценката беше дека тоа е најдобро за земјата.“

изјави Андреа Анџели од кацеларијата на специјалниот претставник на Унијата.

На 15 декември завршува мандатот на европската полициска мисија Проксима, Мегународната кризна група последниот изештај за Македонија исто така според најавите треба да го објави во декември, а Европската ангеција за реконструкција финансиски ке ги помага проектите во земјава уште наредната година.
XS
SM
MD
LG