Достапни линкови

Налчик: Престрелки во акцијата на полицијата за апсење терористи


Во три делови на градот Налчик во јужна Русија денеска дошло до престрелки за која полицијата соопшти дека се дел од специјалната операција за апсење терористи. Агенцијата Интерфакс јави дека полицијата притоа убила едно лице. Во минатата недела исламски екстремисти изведоа повеќе напади врз полициски и владини згради во Налчик при што загинаа над сто и триесет луѓе. Одговорноста за нападите ги презеде командантот на чеченските бунтовници Шамил Басаев.
XS
SM
MD
LG