Достапни линкови

Букурешт: Нов случај на птичји грип


Во Романија е откриен нов случај на птичји грип во делтата на Дунав, а во близина на границата со Украина, изјави денеска романскиот министер за земјоделство Георге Флутур кој прецизира дека станува збор за лебед заразен со ова заболување. Во Романија деновиве беа уништени околу дваесет илјади домашни птици со цел да се спречи ширењето на птичјиот грип. Инаку, во Романија досега нема пријавено случаи на појава на вирусот ,,Ха пет еН еден,, мутант на вирусот на птичјиот грип кој е смртоносен за луѓето.
XS
SM
MD
LG