Достапни линкови

Почнува судењето на Садам Хусеин


Утре во Ирак почнува судењето на поранешниот претседател Садам Хусеин, обвинет за злосторства направени во текот на неговото дваесет и четири годишно владеење. Хусеин ќе одговора за протерување на населението, за угнетување на курдите и за разни егзекуции и чистки.

На Садам Хусеин најпрвин ќе му се суди за убивање на сто четириест и тројца жители на село Дуџалај во илјада деветстотини осумдесет и втората година. Всушност станува збор за одмазничка акција откако претходно во близина на тоа село, на шеесет километри северно од Багдад, бил нападнат конвој возила во кој бил и Садам Хусеин. Во акцијата, како што се наведува, биле малтретирани четиристотини семејства и за уништени нивинте домови и имоти. Освен Хусеин, пред судот ќе се појават и седумина негови полковници. На сите им се заканува смртна казна. Подготовките на судењето, поради безбедносни причини, беа спроведени во голема тајност. Дури не се знаат ни имињата на судиите, како ни точното место каде што судењето ќе се одвива. Ирачкиот претседател Џалал Талабани деновиве за Радио Слободна Европа изјави дека Садам Хусеин ќе биде сосема поинаку третиран од она што тој им го правел на жртвите.

„Садам ќе има многу непристрасно и фер судење во Ирак. И сега тој ги ужива сите видови на слобода како затвореник, има телевизор, книги, може да пишува и да контактира со кого сака. Но Хусеин е воен злосторник. Тој извршил злосторства против ирачкиот народ, против неговите соседи, иранците, кувајците. Затоа тој заслужи да биде осуден.“

Од друга страна има извештаи дека на Хусеин му било забрането да разговара со неговите адвокати. Од Амнести интернешнл пак, велат дека не можат ниту да ги потврдат, ниту да ги негираат ваквите информации.

„Многу е важно судењето да биде фер од повеќе причини. Најважно е што тоа ќе биде основа за сите натамошни судења во Ирак.“

Вели Никол Чуери портпарол на Амнести за Блискиот Исток. Садам Хусеин е роден во илјада деветстотини триесет и седмата година во местото Авџа во сунитско смејство. Како давесет годишен станува член на БААС паријата, или Партијата за арапско воскреснување. Во пеесет и деветата година Садам Хусеин учествувал во обидот за убиство на Абдел Карем Касем кој една година пред тоа успеал да ја собири монархијата во Ирак. Поради тоа Хусеин беше осуден на смрт, но успева да замине надвор од земјата. Се враќа четири години потоа и во шеесет и осмата учествува во државниот удар по што БААС партијата доаѓа на власт. Во илјада деветстотини седумдесет и деветата станува претседател на Ирак. Една година потоа почнува ирачко иранската војна. По воената интервенција на Соединетите Држави и на Обединетите Нации Ирак мораше да се повлече од Кувајт по што беше под меѓународни санкции. Хусеин во две илјади и третата, исто така со меѓународна интервенција, беше соборен од власт, а беше уапсен неколку месеци подоцна. Од тогаш се наоѓа во затвор во Ирак.
XS
SM
MD
LG