Достапни линкови

Од денеска штрајк со глад


Раселените лица од Арачиново од денеска започнаа штрајк со глад се додека не се сретнат со сите лица од владата одговорни за нивната состојба. Ни беше понудено за еден период владата да плака кирија за сместување, и повторно да се направи регистрација како внатрешно раселени лица, вели Јана Петрушевска која додава тоа е неприфатливо за нас, бараме трајно решение, бидејки во Арачинови нема услови за живот:

,,Од министерот Владо Димов беќе побарано да се престане со сите шпекулациите и приказни дека не сакаме да се вратиме. Да се формира тим од невропсихијатри кои ќе може да утврдат дали е основан стравот за враќање во Арачиново,”

изјави Петрушевска. Од министерството за труд и социјална политика велат дека на средбата со министерсот Стевче Јакимовски е постигнат договор со раселените и оти во најскоро време владата ке се обиде да најде решение:

,,Беше договорено уште една проверка на списоците на раселените, заеднички со нив, исто така беше заклучно да се подготви список во којшто ќе бидат евидентирани лицата коишто ги исполнуваат уловите за задржување на статусот на внатрешно раселени лица.”

изјави Македонка Честојнова, портпарол на министерството.

Раселените имаат можност за бесплатно лекување и користење на градскиот сообраќај. Но, тие се жалат понекогаш не можеме да го користиме и тоа што ни припаѓа

,,Да ни се подобрат барем моментно условите. Навистина сме на крај со нервите. Почнаа во градски автобус да не ни ги признаваат картончињата со коишто се возевме до вчера.”
XS
SM
MD
LG