Достапни линкови

logo-print

Налчик: Басаев ја презеде одговорноста за нападите


Командантот на радикалните чеченски бунтовници Шамил Басаев ја презеде одговорноста за минатонеделните напади во градот Налчик на југот на Русија. Басаев во интерент порака наведува дека двесте и седумнаесет борци од групата наречена Кавкаски фронт нападнале петнаесет воени цели при што убиле сто и четириесет припадници на руските сили. Властите во Москва претходно соопштија дека во борбите загинале триесетина војници и деведесет бунтовници.
XS
SM
MD
LG