Достапни линкови

logo-print

Анкара: Пристигнаа експерти за помош во истрагата околу појавата на птичји грип


Двајца експерти на Европската Унија пристигнаа во западна Турција да помогнат во истрагата околу појавата на птичјиот грип во тој регион. Турската ветеринска служба соопшти дека поради тамошното навремено уништување на околу десет илјади птици, не постои опасност од ширење на ова заболување. Во меѓувреме, во Британија е соопштено дека постоечките вакцини против грипот не можат да бидат ефикасни и за спречување на евентуалната епидемија на птичјиот грип, односно доколку тој почне да се пренесува од човек на човек.
XS
SM
MD
LG