Достапни линкови

logo-print

Багдад: На референдумот за Уставот на земјата, гласале 65% од граѓаните


На вчерашниот референдум за Уставот на Ирак, гласале околу 10 милиони луѓе односно 65% од регистрираните гласачи во Ирак. Високиот одзив и релативно мирното гласање во Ирак го поздрави меѓународната заедница, како и генералниот секретар на ОН Кофи Анан. Во поздравите за референдумот американскиот претседател Џорџ Буш истакна дека референдумот претставува ,,клучен чекор за демократијата во Ирак,,. Резултатите од гласањето ќе се знаат за најмалку четири до пет дена. Инаку денеска ден по референдумот за новиот Устав, биле испалени неколку ракети врз безбедносната Зелена зона во Багдад, каде се наоѓаат повеќе амбасади и владини згради, но во нападот нема повредени.
XS
SM
MD
LG